Организацијата на земјите-извоцнички на нафта (ОПЕК) очекува поблаг раст на побарувачката за нафта во 2025 година, а главни двигатели треба да бидат Кина, Блискиот Исток и Индија, покажаа првите прогнози денеска.

Светската побарувачка на нафта следната година ќе се зголеми за 1,85 милиони барели дневно, според првата прогноза за 2025 година, објавена во месечниот извештај на ОПЕК.

Потврдена е прогнозата за 2024 година, според која побарувачката треба да се зголеми за 2,25 милиони барели дневно.

ОПЕК ја објави прогнозата за следната година невообичаено рано за да му даде на пазарот долгорочни насоки, објаснуваат тие, додавајќи дека објавувањето на прогноза што ја надминува вообичаената краткорочна рамка служи за поддршка на разбирањето на пазарната динамика.

Прогнозите на ОПЕК за 2024 година се разликуваат од оние на Меѓународната агенција за енергија (IEA). Двајца важни играчи во областа на енергетиката во последните години се судрија околу прашања како што се долгорочната побарувачка и потребата од инвестиции во поголемо производство, потсетува Reuters.

Организацијата, исто така, забележува дека производството на нејзините членки благо се зголемило на крајот на 2023 година, како одраз на повисоките барели во Нигерија, и покрај договорот за намалување на понудата за стабилизирање на цените.

Проценките инаку беа намалени за да го одразат излегувањето на Ангола од членството, кое Луанда го најави во декември.