Општините бараат пари од владата за да не банкротираат поради високите сметки за електрична енергија. ЗЕЛС веќе доставил барање за итен состанок на кој ќе се разгледаат опциите како општините да ја пребродат енергетската криза. Сметките за струја им биле пет пати повисоки. Сите градоначалници се согласни да бараат од Владата тие да плаќаат струја по цени како од пред кризата, а да добијат субвенции за разликата. Велат со две сметки го трошат целиот годишен буџет за струја.

Откако новиот мандатар Димитар Ковачевски вчера ја прозва Градоначалничката на Скопје  дека требало да преземе мерки за проблемите со парното греење на Скопјани, Арсовкса со контра обвинување – Бег има добиено лиценца од Владата не од Градот ,одговорноста  е на Владата – вели таа. Пари за мерки за помош на граѓаните, во градската каса нема. Обвини и дека власта пет месеци доцни со преземање на мерки за справување со енергетската криза.

  • Да се заборават поларизацијата и политиканството во овој момент бидејќи навистина не се моментите тие сега кога треба да се играат некакви политички игри. Затоа верувам дека префрлањето на вина или обидите да се преземе вината од страна на некој друг во ваква состојба не  е основано.

Пари за решавање на проблемот со парното во Чаир и Бутел чека и Градоначалникот Висар Ганиу. Одоговорност  во неплаќањето на долгот не гледа во Општината, туку вели Топланата Скопје Север била  во проблеми бидејќи повеќе од 70 проценти од граѓаните на Чаир и Бутел се исклучувале од парното.

И додека земјава се соочува со најголемета енергетска криза кога цените на енергенсите се и по пет пати зголемени, властите изминатиов период постојано си ја префрлаат топката чија е одговорноста, а конкретни мерки нема. Општините не знаат туку дополнително ќе пресметуваат  колку пари ќе побараат на состанокот со владата. А ќе бараат и законски измени – во општинските каси да се слеваат повеќе пари од ДДВ, за да не се финансиски зависни од централната власт.