Речиси една деценија низ јавноста се провлекуваат дискусиите како локалната самоуправа да ги подмири натрупаните долгови и со чиста сметка да располага во една тековна година. Од вкупниот број на општини речиси и да не постои една општинска каса која има нула долгови.

Општините во првите три месеци од годинава ги зголемија за еден до два милиони евра долговите споредено со истиот период лани. Долговите на локалната самоуправа според податоците на министерството за финансии достигнаа 72 милиони евра. Ретки се општините кои успеале за првите три месеци да го намалат долгот споредено со лани. На врвот на листата должници се општина Тетово, Охрид, Карпош, Гостивар, Делчево и Струга. Доколку се споредат долговите кои ги имале овие општини претходната година и оваа единствено општина Карпош успела да го намали долгот за 1,9 милиони евра.

  2021                          2022

ОПШТИНА ТЕТОВО                        11,2                          13,5 мил. евра

ОПШТИНА ОХРИД                          7                                8,4 мил. евра
ОПШТИНА ГОСТИВАР                     4                                6,5 мил. евра
ОПШТИНА ДЕЧЕВО                        3                                3,1 мил. евра
ОПШТИНА СТРУГА                         2,9                             3,5 мил. евра
ОПШТИНА КАРПОШ                       4,8                             8,4 мил. евра

Извор: Министерство за финансии јануари, февруари и март

Алармот за зголемување на долговите пред извесен период го вкучија самите градоначалници преку Заедницата на едниците на локалната самоуправа. Најголем проблем се високите сметки за електрична енергија за кои побараа и помош од Владата. Од ЗЕЛС амармираа дека има општини кои не се во можност да ги платат сметките со што се става во опасност функционирањето на локалните самоуправи.

„Станува збор за голем проблем и градоначалниците веќе подолг период алармираат поради повеќекратно зголемување на сметките за електрична енергија, а во некои општини и за повеќе до 500 проценти во однос на тие пред почетокот на кризата“, велат од Заедница на единиците на локална самоуправа

Во последните десетина година од државниот буџет се одвоија над 100 милиони евра за покривање на дупките кои ги имаат општините. Првично, директно се покрија половина од доспеаните обврски, за во следните години да се одвојуваат пари од буџетската каса за реализација на капитални проекти. Со последната помош лани општините добија 49,7 милиони евра за да реализираат 94 инфраструктуни проекти.

Ч.А