Американската технолошка компанија „Оракл“ минатата година отпушти околу 21.000 работници. Според најновиот годишен извештај, намалувањето на работната сила за околу 13 проценти е директна последица од реструктуирањето на бизнисот и пренасочувањето на фокусот кон вештачката интелигенција (ВИ).
Бројот на вработени во оваа компанија се намали од 162.000 на 141.000.
Примената на технологиите за ВИ во нашите операции резултираше, и може да продолжи да резултира, со намалување на нашата работна сила, соопшти компанијата.
Иако првите значајни намалувања беа направени уште во април, целосниот обем на отпуштањата стана јасен дури со објавувањето на годишниот извештај.
Реструктуирањето донесе огромни трошоци, при што намалувањата на работната сила ја чинеа компанијата околу 1,8 милијарди долари во изминатата година, што е драматичен скок од 374 милиони долари во претходната фискална година.