Оддамна изгубив интерес да пишувам за пцојсанава македонска економија, бидејќи кога се ќе ставиме на кантар, ќе сватиме дека не постои такво нешто што би се сврстило во циркуларна, нормална, пазарна економиија на просторот на темниот вилает. Постои ресурсна база која е во функција на експлатација од страна на странскиот фактор, постои феудален однос во поглед на ТИРЗ-овите и евтината работна сила, постои привремена управа која се финансира од кредитирање од странски извори и постои една армија на слепци околу четврт милион, кои по партиско-штабски дудлачко-анални околности е ухлебена во јавниот сектор, глуми јавен сектор и сочинува половина од работоспособното население. Не постои иновација, не постои граунд бизнис, не постои реален автохтон извоз на двостепена додадена вредност.
И тоа е во ред, тоа е што е на терен, плус некои фриленсери кои носат некој свеж кеш и го трошат во неуреденава територија која е суштински без економија… Сето останато е нео-феудален, заостанат и надминат однос и концепт.

Но ме испровоцира, овај „вечниов“ наш министер за финансии, кој е на местово министер за финансии е над една деценија, и сега во услови кога дозволил галопирачка, двоцифрена инфлација, целосно подреден и робски однос во производството и размената, денес да изјави: „За сите вработени во јавниот сектор ќе се воспостави методологија за плати која ќе биде системско решение и гарантирано право на вработените во јавниот сектор во однос на заштита од инфлација и следење на продуктивноста на економијата, односно  конкурентноста на стопанството“.

Чекај бе другар Фатмире, има тука неколку „гачки“ кои мора да се разглобат:

Прво, кое е тоа гарантирано право за вработените во јавниот сектор да бидат заштитени од инфлација? Кој им го дал тоа право, и уште поважно, кој ќе ги даде тие пари за тоа нивно самопроглаено право. Па единствен начин да се оттарасиме од оваа гломазна и досега процентуално невидена јавна администрација е платите да им се фиксираат, без разлика на инфлацијата и губењето на реалната куповна моќ, и така некако на доброволна основа да си одат, и македонскава економија во обид да се оттараси од овие лебарки… Што има да ги стимулираме да останат? Да ги прешалтоваме, преобучиме, доквалификуваме да, ама што има парично да ги стимулираме? Ако им се мали платите и не можат да издржат во јавниот сектор, едноставно нека си одат во приватниот сектор. Таму секако имаме големи недостатоци на работна сила…

Второ, следење на продуктивноста на економијата и конкурентноста на стопанството. Па ако се водиме по овој основ, нивните плати не смеат да мрднат со децении… Која црна зголемена продуктивност и конкурентност на стопанството? Се што е продуктивно и конкурентно одамна замина во странство, нас ни останаа овие трутови….

Понатаму продолжува ова смугре, кое е на ова место само поради фактот дека е член на малцинството со посебни потреби: „ Во фаза сме на преговори во рамките на Економско-социјалниот дијалог што се води во Владата на кој присуствуваат три страни – Владата во конкретниот случај како работодавач, синдикатите  на работниците во јавниот сектор и Организацијата на работодавачи.“

Види министри, ниту Владата, ниту синдикатот ниту таму некоја си организација на работодавачи сте надлежни да договарате нови задолжувања за да им се креваат платите. Ако ги плаќате од Вашиот џеб, договарајте што сакате. Но додека ги плаќате од буџетски средства, кои ќе бидат јако набилдани со неповолни кредити, вие трите страни, и вашата улога на селски маријачи, не можете ова да го барате, едноставно бидејќи овие вработени се во огромен број, вработувани се преку продажба на душата во партијата и немаат врска со реалните потреби на јавниот сектор, и на крај, но и најважно, едноставно овие соучесници во триесетгодишниот криминал со вработување по партиска линија : НЕ РАБОТАТ НИШТО!

Јас стварно не знам која дрскост е потребна, на најгломазната јавна администрација во светот, која не работи ништо и ништо не функционира – генерално, имало потреба да им се зголемува платата. Повторно ќе кажам, ако не им стига платата – мрш во јавен сектор и во три лепе.
Е сега, ако планира да ја зголеми платата со средства од личниот негов буџет или преку продажба на имот негов од селата гостиварски или од кај и да е, тогаш е во ред. Но не е во ред да се зголемува платата со кредити кои ќе ги враќаат и нашите внуци и правнуци. Овој вид на меѓугенерациско задолжување е најнефер однос забележан во развојот на економијата и финансиите.

И за крај би сакал да му порачам лично нешто на вечниов министер за финансии, кој е вечен само поради паранормалниот факт дека е припадник на малцинството со посебни потреби: Фатмире, ти да имаше три чисти од финансии и буџетирања, досега на длабоко ќе беше зафатен со реформа на јавниот сектор и бркање на барем една половина од постоечкиот јавен сектор. Ова поткупување на гласачи ќе не кошта на сите, а ние сите веќе не сме стрпливи со оваа ваша неписменост, некомпетентност и неработа, зошто земји како Албанија и Молдавија веќе не заминаа во се. Заради тоа, се повеќе наликуваш на секој стотти војник од самоиловата војска, на кого византијците му оставиле по едно око, за да може да ги води овие 99 останати кои немале ни едно око… Проблемов е што ти така, со едно око водиш скоро четврт милион слепци по избор, кои нас не чинат децениски раст, сиромаштија, летаргија и неиновативна економија.

 

Наум Димитровски