По постигнатиот договор за буџетот на ЕУ и фондот за економско закрепнување, постигнат на самитот на Унијата во Брисел, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, објави дека преовладува разумот и дека се заштитени унгарските пари, пренесува МТИ.

На видео објавено на Фејсбук, Орбан рече дека е постигнат договор и дека преовладува здравиот разум, како и дека е зачувано европското единство.

„Победивме затоа што во тешки времиња, за време на пандемијата и економската криза, нема место за политички и идеолошки дебати што не спречуваат да преземеме активности“, истакна Орбан.

Сепак, тој рече дека на маса се уште има предлози што Унгарија не ги поддржува, како што е прашањето за миграцијата и мерките против семејството што „Брисел ги планира“.

И покрај можните несогласувања во иднина, денес дефинитивно постигнавме три цели, истакна Орбан.

Тој објасни дека Унгарија успеала да спречи заобиколување на Договорот за ЕУ, како и да биде принудена да прифаќа одлуки што не ги сака.

Покрај тоа, ќе бидат заштитени и парите на граѓаните на Унгарија, посочи премиерот.

Претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, на Твитер објави дека на самитот е постигнат договор за буџетот на ЕУ и фондот за економско закрепнување.