Банките вчера инфомираа дека веќе прават калкулации и секоја поединечно ќе носи одлука околу евентуално менување на каматните стапки на кредитите и депозитите.Граѓаните да си ги проверат договорите за кредити со банките дали се со фиксни или варијабилни каматни стапки, апелираат од Организацијата на потрошувачи откако и банките потврдија дека веќе прават калкулации за промена на каматните стапки за кредити.

Претседателката на организацијата Маријана Лончар им порача и на сите оние кои допрва сакаат да земат кредит добро да ги проверат условите и своите можности пред да се одлучат да подигнат кредит..

Банките вчера инфомираа дека веќе прават калкулации и секоја поединечно ќе носи одлука околу евентуално менување на каматните стапки на кредитите и депозитите.

Народната банка за само еден месец на два пати направи нагорна корекција на каматната стапка па сега изнесува 1,75%. Оваа реакција дојде по растот на инфлацијата во април за 10,5% и очекувањата дека цените ќе продолжат да растат. А, оваа камата всушност им служи на банките како основа да ги формираат каматите на кредитите.

За дел од експертите во земјава мерките на Народната банка беа очекувани и апелираат дека сега е време и за затегање на фискалната политика, односно и владата да го заврзе ќесето и да штеди.