Првите луѓе на Надзорниот, Кредитниот и Управниот одбор во Еуростандард банка се оние кои ја иницирале, започнале, организирале и развиле кражбата на депозитите преку разни злоупотреби и манипулативни шеми на делење кредити без соодветни покритија, давани пари за да не се вратат. Да не биле овие организатори и имлементатори на криминалот во банката, парите не би биле ни украдени. – пишува во најновото соопштение од  оштетените штедачи од Еуростандард банка.

Ако постои правда и правен систем во државава веруваме дека ќе успееме во нашата цел да се расчисти криминалот во целост, и да ни се вратат парите- велат оштетените штедачи.