Почитувани читатели на БанкоМетар.мк, интегрално ви пренесуваме допис / поплака од клиент на Евроинс осигурување кој се пожали на целата непрофесионална, измамничка и недозволива конфигурација на нашите осигурителни компании. Во случајов се работи за Евроинс:

„Здраво Банкометар

Сакам да пријавам за една измама која ми се случи летово со Евроинс осигурување. Имено, имавме поплава во дождовите во јуни во Охрид и целиот долен спрат ни се поплави. Пријавивме за штетата која треба да ни се компензира, не упатија на Евроинс осигурување, со нив работела нашава општина. Отидов во канцеларијата на Евроинс и пријавив, и ни пратија вештак, проценител на штетата за поплавата. Дојде еден човек кој бил вештак за возила, ама правел и вакви работи??? Јас реков нема проблем, сигурно знае што прави. После неколку денови дојде дописот од сликата која ви ја праќам и проверете сами што е напишано. Имавме дополнителни прашања и кога сакавме да се јавиме на броевите од документот, едниот е целосно исклучен, другиот се уклучува факс. Значи, не е можно да се добијат по телефон. Звонам во канцеларијата во Охрид, никој не крева со денови таму. Видов, не видов, му се јавив на проценителот ( ми остави број ) и ми вика собери документи кои ти се наведени на многу сељачки и некултурен начин.
На моето прашање, како да обезбедам фактури ( точка 2 ) од намештај купен пред повеќе десетици години, ми вика не е мој проблем. Со други зборови сакаше да ми каже џабе бараш ваква оштета, нема никогаш да ја добиеш, бидејќи ќе немаш комплет документација.

Се уште не можам никој да добијам на телефон во централата и да се пожалам, во локалната канцеларија никој не крева, кога одам лично ми викаат јавете се на бројот за штети, кога им викам дека е исклучен креваат раменици.

Ова ми изгледа на добро разработена шема, која не може да се наплати ништо само ни мачкаат очи. Срам да им е… Ве молам да го објавите ова.

С.Б.“

Редакцијата на БанкоМетар.мк пред да го објави ова, направи целосна проверка дали е точно, и излезе дека е точно и ниту еден телефон не работи т.е. не можете да добиете никого во Евроинс осигурување веќе три дена. Станува јасно дека ова е некаква шема преку која се трудат да не им исплаќаат реална штета на луѓето од Охрид. Исто така, доколку сакале да исплатат штета, проценителот треба да даде оценка колкава е штетата а не оштетените луѓе да бараат фактури од пред повеќе децении, кои никој не ги ни чува. Остануваме на ставот дека осигурувањето, како и секаде во светот, така и во Македонија, останува една голема, измамничка шема. Жално но вистинито.