Како што соопшти  компанијата преку Македонската берза  првото тромесечие од 2018 година го заврши со добивка пред оданочување во износ од 32,5 милиони денари. „Осигурување Македонија а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп” во истиот период 2017 година друштвото оствари добивка пред оданочување во износ од 11,2 милиони денари.

„Бруто полисираната премија бележи пораст во однос на истиот период од минатата година од 10,6%.  Основните причини за зголемената добивка во првиот квартал на годинава се порастот на нето заработената премија за 23% и намалувањето на нето настанатите штети за 27%.

Друштвото е во насока да го задржи трендот на остварување на позитивен финансиски резултат и во 2018 година, со стратешка определба на зголемување на обемот на квалитетни осигуреници“, соопшти компанијата.