Основачот и извршен директор на „Зум“ Ерик Јуан стана милијардер пред да се прогласи пандемијата на коронавирусoт, и сега е еден од 100-те најбогати луѓе во светот, пишува CNBC.

Ерик Јуан претходно работел на софтвер за видео повици на Webex, што Cisco го купи во 2007 година. Зум е основан во 2011 година и до јуни 2014 година имаше 10 милиони корисници.

Во март 2019 година, Зум одлучи да излезе во јавноста и ги импресионираше инвеститорите со комбинација на брз раст и профитабилност. Акциите скокнаа за 72 проценти на 28 април 2019 година. Јуан стана милијардер.

За време на панемијата на коронавирусot, тој стана еден од 100-те најбогати луѓе во светот. Според Фактсет, неговите акции во „Зум“ вредат скоро 17 милијарди долари.

Скоро една година откако Светската здравствена организација го откри коронавирусот, луѓето се повеќе работат од дома и остваруваат видео повици. Зумот стана неизбежен.

Приходите се зголемија за четири пати, а профитот се зголеми за 90 пати. Акциите растеа сè повеќе, издвојувајќи се како најдобри акции за купување, заедно со акциите на Модерна.

Проширувањето на Zoom не било секогаш лесно. Во пролетта 2019 година, откако Zoom стана интересен за инвеститорите, загриженоста поврзана со безбедноста на софтверот и приватноста на корисникот станаа сè попроблематични.

Потоа следуваа прашања за врските на Zoom и Јуан со Кина. Ненси Пелоси, претседател на Претставничкиот дом, го нарече Zoom како кинески субјект како гостин на телевизија во живо.

Јуан одговори со објавување на објава на блог, велејќи дека живее во Америка од 1997 година, а стана американски државјанин во јули 2007 година.

„Зум е американска компанија. Основана е во Калифорнија во државата Делавер. Се тргува јавно на Nasdaq “, објави Јуан.