Остри реакции од страна на млечната индустрија во однос на одлуката неделава цените на млчечните производи да се намалат за 10 отсто..

По замрзнувањето на цената на лебот и тестенините на ред се и млекото и млечните производи а според министерто за економија Бектеши се прават анализи и за мерки за намалувањењ на цените на оризот, шекерот и јајцата. Ваквите мерки за разилка од ограничувањата на маржите кои претходно се носеа се повидливи за граѓаните кои во маркетите ќе значат пониски малопродажни цени на основните производи во време на инфлација и вртоглав раст на цените.

Но за разлика од мерката која се донесе кај лебот со која се одреди највисока цена од 33 денари по која може да се продава лебот, кај млекото одлуката да се намалат цените за 10 % во однос на овие што ги имаат во моментов наиде на остри ракции кај млечната индустрија. И додека министерството за економија укажува дека мерките се носат врз основа на анализи кај млекото голем дел од помалите и средни млекарници откако добија субвенционирана струја ги намалија цените и сега со наложувањето на поефтини цени за дополнителни 10% тие велат дека ќе работат со загуба

Мерката за намалување на цената за 10% ќе почне да важи до 15 мар па се до крајот на мај. Министерот за економија Бектеши аплираше млеко преработувачите да не им ја намалуваат откупната цена на сточарите за сметка на ваквите мерки кои ги носи владата.