Маја Кадиевска-Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата радио Лидер зборуваше за македонската еврообврзница која што вчера беше откажана и потенцираше дека тоа е шок кој ќе остане во историјата на издавањето на еврообврзницата и дека таква состојба немало на меѓународните финансиски пазари.

-Вчера се случи еден потрес во светски размери и потрес во светски рамки. Верувајте дека во финансискиот свет и оние кои што работат, сега зборам и од домашните субјекти но и меѓународните се веќе се на некој начин шокирани односно изненадени и ова веројатно ќе остане во историјата на издавање на еврообврзниците, значи на долг на една држава, ќе биде запишано во учебниците. Вчера кога се појави информацијата на овие платформи на кои се тргува, на Блумберг и другите дека е откажана македонската обврзница, тоа беше шок за инвеститорите, зошто ова е преседант кој што се случува. Значи замислете имаме инвеститори, ја купиле нашата обврзница, рачунале дека ќе добијат принос, купон, купонска камата од 6.25, некои од нив може и ја препродале, најверојатно има и секундарно тргување и наеднаш излегува информацијата пу-пу ништо не важи, односно Р. Македонија како суверена држава ја откажува еврообврзницата. Замислете кој потрес е ова, значи ова не се случило, одговорно тврдам дека ваква состојба немала на меѓународните финансиски пазари, истакна таа.

Кадиевска Војновиќ во текот на своето гостување властите треба да направат план и стратегија како ќе ги исфинансираат приходите и буџетскиот дефицит.

-Во 2020 имаше ковид пандемија, имаше намалување на приходи, но имаше и многу високо трошење на државата, имавме околу 870 милиони евра дефицит. Помина пандемијата, 2021 некои опашки, но оваа влада не престана да троши. Имавме 650 милиони дефицит. Помина и 2021 и 2022 година, имавме исто дефицит околу 600 милиони и сега доаѓа 2023 година со планиран дефицит од 700 милиони. Ова треба да се исфинансира. Ние ги немаме тие пари. Што значи дефицит, тоа значи дека не собираме доволно приходи за да ги исфинансираме сите планирани расходи на државата. Опција има владата да задолжи на домашен пазар односно да издаде должнички хартии од вредност на домашен пазар, да прибере пари од дома за да го исфинансира дефицитот или пак да се задолжи на странските пазари. Покрај дефицитот кој што оваа година е 700 милиони евра и е нов долг создаден од оваа влада треба да исплати државата и стари долгови, за цела година се 874 милиони евра стари долгови. И ако ги додадеме и старите долгови, вкупните потреби за финансирање, Македонија за оваа година ќе треба да исплати една милијарда и 500, додаде таа.