Катастрофално почна откупната сезона на тутунот, оцени денеска заменик Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Во радовишкото село Калуѓерица вчера тутунопроизводителите протестираа за ниската откупна цена и побараа решавање на проблемот и тоа уште на самиот старт на откупот. Во моментов поголемите откупувачи ги имаат отворено пунктовите, а во понеделник и сите останати.