Во година која беше проследена тешка економска криза и војна на европско тло која сеуште трае, пишуваме рекорди. Откупот на тутунот заврши во рекордно време без ниту еден регистриран проблем во откупниот процес, а тутунарите ги поминаа новогодишните и божиќните празници со полни сметки.
Просечната откупна цена на тутунот достигна рекордни 290 денари по килограм, што претставува зголемување од 45% во споредба со минатата година, кога беше 200 денари по килограм.
Кога на оваа откупна цена, ќе се додаде и субвенцијата од 80 денари по килограм која ја доделува Владата, тутунарите ја завршија сезоната со заслужена заработка од 370 по килограм тутун.
Рекордни 80% од вкупно откупената количина припаѓаат во прва класа и тоа во услови на зголемено производство и површина за околу 10% во споредба со минатата реколта. За откупот се склучени приближно 30.000 договори, односно бележиме зголемување од 2000 договори повеќе од минатата година.
За оваа производна година на тутунот, исплатени се околу 100 милиони евра.
Сакаме да им честитаме на производителите на тутун за оваа убава, успешна година за нив и нека овој успех се повторува секоја наредна реколта.
Овие резултати се најсилниот доказ дека оваа Влада, предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија води искрена грижа за земјоделците.