Како дел од оптимзацијата на работење, Адико групацијата работи на кратење на високите трошоци, а тоа ќе значи и отказ за голем дел од вработените, како и затварање на неколку филијали. 

Овој податок е објавен во најновиот извештај на Адико групацијата.

Во групацијата, оваа одлука е донесена за целиот регион во кој функционира Адико, а нејзиното спроведување веќе започна. Спроведување на одлуката веќе е започнато, а банката смета дека процесот ќе биде завршен во втората половина на 2020 година и со тоа се надева на позитивен финансиски резултат во новата финансиска година.

Се претпоставува дека Адико банка ќе отпушти десетици вработени, но во прогнозите тие се многу внимателни при издавањето на конкретни податоци, а тоа значи дека овој број може и неколкукратно да се зголеми.

Трендот на намалување на бројот на вработени како начин на кратење на трошоците веќе одамна го започнаа банките во светот, а полека но сигурно тој тренд стигнува и во регионот. Дали овој тренд во блиска иднина ќе го следат и македонските банки и ќе спроведат постапка за намалување на бројот на вработени, како мерка за намалување на трошоците!?