Во кампусот на Универзитетот на Југоситочна Европа во Тетово денеска ќе биде отворен првиот Центар за нови вештини во нашата држава.

Како што најавија од Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во земјава на настанот ќе се обратат постојаниот преставник на УНДП, Армен Григорјан, амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, како и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, ,Абдулменаф Беџети.