Отворен е повикот за доделување субгрантови на граѓански организации од Северна Македонија, Албанија, Кососво, Србија и Турција, во рамки на регионалниот проект „Регионална мрежа за културна разновидност – РЕАД“ поддржан од Европската Унија. Повикот ќе биде отворен до 15 јануари 2022 година.

Регионалниот ЕУ проект Регионална мрежа за културна разновидност – РЕАД има за цел да промовира вештини за читање меѓу рaзличните култури и демократски вредности преку зголемување на интересот за читање, ставајќи на располагање висококвалитетни книжевни дела од регионот.