Здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“ годинава го организираат четвртиот по ред меѓународен натпревар за квалитет на мед „Тетово награди за мед“ (Tetovo Honey awards), а од денеска сите сите заинтересирани пчелари може да се пријават за учество.  

Заинтересираните до 15 август може да испраќаат примероци мед (по две тегли од 500 грама), но треба да се регистрирани како пчелари и да имаат регистерски број (РБО) од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. -Оценувањето на пристигнатите примероци започнува на 3 и 4 септември кога ќе се праваи органолептичка оценка на медот. 

Потоа до крајот на месецот ќе се изврши и изврши лабораториска анализа, додека на 1-ви и 2-ри октомври и е планирана е манифестацијата за доделување на наградите наречена „Слатки денови во Тетово“, информира Владимир Петровски од организацијата на натпреварот. Натпреварот ќе се спроведе во три категории – мед и мед во саќе, пчелни производи и дизајн на амбалажа. За партиципација се плаќа 20 евра, а при достава треба да се напише видот на медот.