Ви донесуваме преглед на најбогатите луѓе во некои од најголемите европски земји. Интересно е што тие се збогатија со производи што ги консумираме и ние.

Најбогатиот Французин, исто така и најбогатиот Европеец, е Бернард Арно. Неговото богатство е 112 милијарди долари и тој е четвртата најбогата личност во светот.

Тој е сопственик на компанијата ЛВМХ, која е најголемиот светски производител на луксузни стоки. Меѓу неговите брендови се Луј Витон, Булгари, Моет, Хенеси, шампањ Дом Перињон, часовници TAG Heuer.

Најбогат Шпанец е Амансио Ортега, кој во моментов е 18-ти најбогат човек на светот со околу 63 милијарди долари.

Тој е сопственик на компанијата Индитекс, која вклучува модни брендови како што се добро познатите Заре, Пул & Беар, Масимо Дути, Бершка, Страдивариус. Во последниве години, овие брендови се добро познати и присутни насекаде.

Џовани Фереро, со скоро 34 милијарди долари, е најбогатиот Италијанец. Тој е сопственик на познатата компанија позната по слатки производи, како што се Нутела, Рафаело, Фереро Рошер.

Џовани го презеде управувањето со компанијата по смртта на неговиот брат во 2011 година.

Друго име што го знаеме е Дитер Шварц, кој е најбогатиот Германец. Тој е сопственик на трговскиот ланец Лидл, за кој се шпекулира дека наскоро ќе дојде на македонскиот пазар. Неговото богатство се проценува на повеќе од 27 милијарди долари.

Најбогат Британец е Џејмс Дајсон со 26 милијарди долари.

Тој е пронаоѓач, индустриски дизајнер, сопственик на земјиште и претприемач кој го основал Дајсон ЛТД. Тој е традиционално најпознат како пронаоѓач на правосмукалката Дуал Циклон без торба, која работи на принципот на циклонско одвојување.

Дитрих Матешиц, ко-сопственик на Ред Бул, е најбогатиот Австриец.

Тој е сопственик на 49 проценти од компанијата за енергетски пијалоци.

Најбогата Холанѓанка е Шарлин де Карваљо-Хајнекен, која стои позади вториот по големина производител на пиво во светот – Хајнекен Интернешнл.