Потпретседателот на ССМ, Зоран Јовановски во гостување во емисијата „ClickPlus“ на ТВ21 рече дека сега е време на преживување, а не за даночни реформи.

„Мислам дека постои општ консензус во ваква ситуација на максимална неизвесност и на масата е веќе темата за ликвидност и отежната ликвидност, пролонгиран рок на извршување на обврските. Ова не е момент кога би требало веројатно да зборуваме за даночни реформи. Тоа сме го кажале ние и со министерот за финансии отворено, значи сите теми заслужуваат да се разговараат меѓутоа треба да има нормален амбиент кога тоа би го разговарале“, рече Јовановски.