Просечниот бруто домашен производ на сите азиски градови ќе го надмине вкупниот број на сите поголеми градови во Северна Америка и Европа до 2027 година.

Се очекува 10-те градови со најголем економски раст во следните 10 години да се во Индија, прогнозира Oxford Economics. Сурат, трговскиот центар на западната индиска држава Гуџарат, ќе ја одбележи најбрзата експанзија до 2035 година, тврди главниот директор на одделот за истражување на градовите за Oxford Economics Ричард Холт. Во овој период најбрзиот економски раст ќе биде регистриран во 10 градови во Индија, пренесува Bloomberg.

Просечниот бруто домашниот производ на сите азиски градови ќе надминува вкупниот на сите најголеми градови во Северна Америка и Европа до 2027 година

Не се очекуваат големи промени во категоријата за најголемите градови во светот.

Њујорк, Лос Анџелес, Токио и Лондон ќе ги задржат своите позиции, додека Шангај и Пекинг, кои имаат постојани жители од 20 милиони, ќе ги надминат Париз и Чикаго. Хуангџоу и Шенжен, кои се наоѓаат во Југоисточна Азија, ќе се најдат меѓу 10-те најголеми градови.