Меѓународниот монетарен фонд ќе го назначи професорот по економија Пјер-Оливие Гуриншус за нов главен економист на организацијата, пренесува Ројтерс. Тој ќе ја замени Гита Гопинат, која доаѓа во менаџерскиот тим на фондот.

Гуриншус предавал на универзитетите Беркли, Пристон и Стенфорд. Тој официјално ќе ја преземе функцијата на 1 април, а од 24 јануари ќе работи со скратено работно време. Гуринчус ќе биде и директор на одделот за истражување на Меѓународниот монетарен фонд.