На автомобилската индустрија ни малку не и лесно. Освен што поради пандемијата се случи глобален недостиг од чипови за автомобилите што директно влијаеше на намаленото производство, податоците на Народната банка за побарувачката на кредити покажуваат дека граѓаните попрво ке земат кредити за стан отколку за автомобил.

Во март, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица,
потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат
месечен раст за 1,1%, соодветно, како и годишен раст од 6,7% и 13,1%, соодветно.

Автомобилските кредити остварија месечно и годишно намалување од 1,5% и
14,0%, соодветно.

И кај кредитите одобрени на кредитни картички, овој месец, е забележан пад на месечна и годишна основа, за 1,0% и 8,9%, соодветно. Во март, негативните салда на тековните сметки се зголемија за 2,3% на месечно ниво, а на годишно ниво тие се намалени за 1,5%. Кредитите одобрени врз други основи, во март, бележат месечен и годишен пад од 0,7% и 5,8%, соодветно.