Цената на платината го продолжи трендот на пораст и во понеделникот, што доведе до невидени цени повеќе од 6 години.

Суровината, која – како паладиумот, се користи за прочистување на штетните емисии, се искачи на 1.283,75 долари за унца, што е највисоко ниво од јануари 2015-та година.

Платината се користи и за накит и во автомобилската индустрија, а очекувањата на инвеститорите и аналитичарите за побрзо закрепнување на пандемиските економии ги зголемуваат цените.

Оперативните проблеми кај еден од најголемите светски производители на суровина, „Anglo American Platinum“ (Amplats), исто така влијаат на цените, бидејќи тоа дополнително би довело до недостаток на платината во светот.

„Следните цели за платината во услови за продолжување на вреднувањето ќе бидат 1.330 долари и 1.577 долари за унца“, рече Никола Фрапел, генерален директор на „ABC Bullion“.

Податоците на „Johnson Matthey“ посочија пред неколку дена дека 2021-ва година ќе биде трета година по ред во која светот ќе доживее дефицит на платина.

Од своја страна, златото падна за 0,1 процент на 1.824,52 долари за унца, а среброто загуби за 0,8 проценти на 27,55 долари.

„Оптимизмот за економското закрепнување има негативен ефект врз златото, кое се смета за азил на инвеститорите“, рече главниот стратег на „CMC Markets“, Мајкл Мекартни.

Во меѓувреме, приносите на американските обврзници се искачија на највисоките нивоа од март, а очекувањата за инфлација се на највисоко ниво за шест години.

Повисоката инфлација би ги зголемила приносите на обврзниците, но би имала негативно влијание врз цените на златото, пишува „LiveMint“.