Финансискиот резултат на ТТК Банка за периодот јануари – септември 2020 година изнесува 65,5 милиони денари, што е за 25,9 милиони денари или 28,3 % понизок во однос на истиот период минатата година, како резултат, во најголем дел, од пониската капитална добивка од продажба на преземeни средства како и од падот на пазарната цена на портфолиото за тргување во изминатиов период, соопшти банката преку Македонската берза.

„Во споредба со финансискиот план за 2020, кој е во согласност со првичните согледувања за  последиците што ќе ги предизвика светската пандемија предизвикана од вирусот Ковид-19, остварениот финансиски резултат го надминува очекуваниот резултат за 45,8 милиони денари“, информираат од банката.