Со помош на Стопанската комора на Македонија, МКД.мк објавува серија написи за тоа каква е состојбата во македонското стопанство во услови на пандемија. Главните елементи на овие секторски анализи се неизвесност, пад во производството во споредба со лани, намалени нарачки од странство и барања за помош од државата.

Во енергетиката производството според главните индустриски групи во периодот јануари-јуни 2020 година, во однос на истиот период лани бележи опаѓање за 12,4%, а снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација во мај 2020 година бележи пад за 13,5%.

ТЕ-ТО  успешно работи и оваа летна сезона по исти услови како и минатата година во летниот период со намалена дистрибутивна такса која изнесува 50% од цената за дистрибитувна такса. Ова доведува зголемената потрошувачка на природниот гас да биде на исто или повисоко ниво од лани.

Топлификацискиот систем ја очекува новата регулирана цена за топлинска енергија и е подготвен за наредниот период.

Потрошувачката на нафтени деривати, по првичниот шок заради мерките кои се преземаа за справување со кризата предизвикана од ковид-19 (кои доведоа до намалена активност на индустријата и населението) потрошувачка е стабилизирана, ни изјави Перо Авакумовски, советник во Стопанската комора на Македонија

Берзите на електрична енергија во регионот се стабилизирани и во периодов цената на мегават час е на ниво под 40 евра, а предвидувањата за следниот период се дека цената ќе достигне до 50 евра мегават час.