Oткако САД и нивните сојузници воведоа санкции и ги блокираа руските банки од банкарскиот систем SWIFT, бројни медиуми јавуваат дека руската валута, рубљата, паднала за 26 отсто.

Централната банка на Русија и неколку други се блокирани. Според извештајот, рубљата во еден момент во текот на ноќта паднала за 40 отсто во однос на американскиот долар.

Да потсетиме, Белата куќа во саботата вечерта соопшти дека во договор со Европската комисија, Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство и Канада, го поддржала исфрлувањето на руските банки од SWIFТ.

Исто така, Европската унија одлучи да ги замрзне сите средства и трансакции на руската централна банка во ЕУ.