oilcoppergoldКај цените на основните суровини се бележи остар пад во втората половина на оваа година. Цената на суровата нафта падна под 70 $ за барел,  додека цената на златото  падна под 1 200 $ за унца.

Тоа се должи на зголемената понуда како и на забавувањето на нивната побарувачка. Како еден од факторите е забавувањето на Кинеската економија каде е регистрирана намалена побарувачка на суровините.

Се смета дека не треба да се очекува дополнителни нагли падови во вредноста на суровините, освен можеби кај златото. The Leuthold Group смета дека вредноста на златото ќе падне за 30 % во наредните 3-4 години.

Оваа состојба со цените на суровините им помага на Американската економија со тоа што пониски цени на нафтата, значи и пониски цени на гасот, а со тоа помали трошоци резултира со повеќе слободни парични средства кој што американците ќе ги потрошат во трговијата на мало.

Во исто време Јапонија падна во рецесија, а Европа е на ризик од тоа. Трендот на лизгање на цените може да ја турне Европа во дефлационо опкружување. Дефлацијата може да и наштети на економијата преку поттикнување на потрошувачите на одложување на трошење ако се претпостави дека цените ќе бидат пониски во иднина.