Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, цените на златото и пченицата се намалени, додека суровата нафта од типот „брент“ се продава за помалку од 84 долари за барел.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 30.900 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2298,79 долари за унца, а на пченицата на 5,9581 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07296, што е приближно исто како во четвртокот.