nafteno poleЦените на нафтата на меѓународните пазари се искачија во близина на 69 долари, поддржани од падот на залихите во САД и конфликтот на Блискиот Исток. На лондонскиот пазар цената на нафта скокна за 1,36 $ во однос на претходното затворање на 68,88 $. На американскиот пазар се тргуваше за 1,51 $ повисока цена од 61,91 $.

Силна поддршка за новиот скок на цената на нафта доаѓа од извештајот на Американскиот институт за нафта (API), кој покажува пад на залихите на нафта во САД минатата недела, за прв пат оваа година. Залихите се намалени за 1,5 милиони барели.

Дополнително скокот на цените е поддржан од вооружените судири во Јемен. Јемен е мал производител на нафта, но има важна географска положба, во непосредна близина на најголемиот извозник на нафта во светот Саудиска Арабија, што предизвикува нервоза на пазарот.

Поддршка има и од послабиот долар, кој падна за 0,3 проценти во однос кошницата на валути. Цените на нафтата се изразени во долари и со самото слабеење на доларот зајакнува куповната моќ на имателите на другите валути, а на тој начин и побарувачката.