nafta 1Цената на суровата нафта во понеделникот на светските пазари се зголеми, поддржана од страна на падот на доларот како и нападите на нигериските нафтени инсталации кои ја намалија понудата од Нигерија.

Цената на суровата нафта на берзата во Лондон се зголеми за 63 центи, на 50,27 $, додека на американскиот пазар порасна за 60 центи на 49,22 $ за барел.

Трговците истакнуваат дека цените се зголемија поради остриот пад на доларот во петокот, откако слабите податоци за вработување во САД во мај изразија загриженост за состојбата на најголемата економија во светот и спласнаа очекувањата за претстојното зголемување на каматните стапки во САД.

Послабиот долар ја поддржува побарувачката за гориво во остатокот од светот, бидејќи суровина која е ценовно изразена во долари ја прави поевтина. Во исто време, почна светиот месец Рамазан со што се очекува зголемување на побарувачката за гориво во претежно муслиманските земји, што дополнително влијае за зголемување на цените на нафтата.