Индустриското производство во Еврозоната се намали повеќе од очекуваното во јули, втор месец по ред, што значи дека индустријата на блокот од 19 члена влегува во третиот квартал со негативни резултати.

Индустриското производство во еврозоната опадна за 0,4 проценти во однос на јуни и 2 проценти на годишно, ниво соопшти Евростат.

Економистите предвидоа послаб пад на производството – 0,1 проценти на месечно ниво и 1,3 проценти на годишно ниво.

Евростат ги ревидираше бројките за јуни, што сега укажува на месечен пад на производството од 1,4 проценти, наместо претходно проценетиот пад од 1,6 проценти.