Економските аналитичари од „Admiral Markets“ истакнуваат дека опаѓа цената на акциите додека расте цената на златото и останатите скапоцени метали на берзите.

Според нив во моментот 81 проценти од парите на големите шпекуланти се вложени во растот на најблагородниот метал, додека само 19 очекуваат пад на цената на инвестициското злато. Во само седум дена разликата меѓу куповната и продажната позиција на златото порасна за дури 1,98 милијарди долари. Тоа доведе до пораст на цените на овој скапоцен метал.

Во момент на пишувањето на анализата на „Admiral Markets“ цената на златото изнесуваше 1,339,57 долари, што е за 2,8 проценти над нивото од почетокот на годината. Во моментот 55 проценти од парите на големите шпекуланти се инвестирани во куповната позиција.

Само седум дена претходно, беа приближно 58 проценти куповни позиции, што значи дека расте бројот на оние кои сметаат дека акциите ќе започнат да паѓаат, а пак истовремено, речиси 60 проценти од инвеститорите очекуваат пад на биткоинот.

Кога станува збор за оваа криптовалута, која многумина ја сметаат за дигитално злато, професионалните инвеститори на Волстрит не се оптимистични.

Во момеотот 41 процент очекува раст на цената на биткоинот, додека преостанатите 59 проценти сметаат дека цената ќе опаѓа.