Земјоделството е клучно за развој на руралните средини, но не помалку значајни се и другите ресори, посебно инфраструктурата, здравството, образованието и економијата.

Со оглед дека ингеренциите на институциите се ограничени, неопходна е инклузивност – поврзување на општините, бизнисот и граѓанскиот сектор. Тоа засега го овозможуваат локалните акциски групи (ЛАГ-ови) иако поддршката за нивно функционирање е симболична, беше речено на денешниот панел за Кластерот 5 – „Ресурси, земјоделство и кохезија“.     Како што истакна претседателот на „Рурална мрежа“, Петар Ѓоргиевски, засега во земјава има 13 ЛАГ-ови, но тие на ја покриваат целата територија на државата.

Опсервер: Панел: Земјоделството е ‘рбетот на руралниот развој, да се обезбеди поголема поддршка за ЛАГ-овите | opserver.mk