На крајот на март одделот за управување со богатството на банката управуваше со 502,5 милијарди франци, додека во истиот период лани управуваше со 707 милијарди франци.

Извештајот за работата на пропаднатиот банкарски гигант Кредит Свис открива дека во првите три месеци од годинава од бнката се повлечени 61,2 милијарди швајцарски франци (68,6 милијарди долари).

Извештајот што фрла повеќе светлина врз она што довело до колапс на 167-годишната институција посочува дека најголемиот дел од одливот на капитал е направен од одделот за управување со богатството.

На крајот на март овој оддел на банката управуваше со 502,5 милијарди франци, додека во истиот период лани управуваше со 707 милијарди франци што е пад од речиси 29%.

Клиентите на најстарата швајцарска банка почнаа да вадат пари од неа, откако банката беше зафатена од пазарните превирања што уследија по колапсот на банката Силиконската долина и банката Сигнјур во САД.

Швајцарија и Швајцарската народна банка практично наметнаа преземање на банката, од страна на банката УБС за 3 милијарди франци, притоа ветувајќи дека ќе издвои 5 милијарди евра за загубите што произлегуваат од преземањето.