Македонските компании кои котираа на Македонска берза сработија одличен прв квартал ако се земе во предвид отежната ситуација во која работат- се уште активна пандемија, војната во Украина и ефектите врз светската економија, зголемени берзански цени, отежнато снабдување, помалку пари на располагање…

Котираните компании се во ќар 5,3 милиони евра повеќе во однос на лани прв квартал. Ова го покажуваат пресметките на добивките и загубите во финансиските резултати на вкупно 91 котирана компанија, а кои сумирано ги објави берзата.

Вкупната добивка на котираните компании за првите три месеци годинава изнесува 66,2 милиони евра. Минатата година за истиот период профитот на овие компании бил 58,5 милиони евра. Иако вкупната заработка е зголемена, финансиските резултати покажуваат пораст и на вкупната загуба. Минусот што го пријавиле котираните компании се продлабочил на 6,5 милиони евра, а во 2021 во првото тримесечие изнесувал 4,1 милион евра. Целата објава може да ја прочитате на порталот Пари