Секој месец на пензионерите им се одбиваат по 150 денари за Солидарен фонд за посмртнина и по 30 денари за членарина. Со нивните пари, во првото полугодие од годинава Солидарниот фонд се наполнил со над 4,5 милиони евра, но во исто време, за 10.066 починати лица се исплатени 4.453.984 евра, покажуват податоците од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. И додека за парите во Солидарниот фонд математиката е јасна, многу често пензионерите негодуваат за тоа каде одат парите од членарината. А износот не е мал. За 6 месеци се собрани над 900.000 евра. Притоа, како што покажува статистиката на Фондот за ПИОМ, околу 15-тина илјади пензионери месечно не уплатуваат членарина.

Во Сојузот на здруженија на пензионери членуваат 53 здруженија. Тие работат и спроведуват ативности со парите од членарината и како што може да се види од статистичките податоци на Фондот за ПИОМ, располагаат со 916.924 евра за 6 месеци, или во просек по 152.820 евра месечно сите заедно, односно по 2.500 евра во просек по пензиско здружение плус пари што остануваат за заедничи активности во „централата“.

Продолжението од текстот прочитајте го на следниов линк РЕДАКЦИЈА ПАРИ