Животот честопати не тече како што планираме. Рецесија, губење работа, поправка на автомобил или некој поскап уред во домаќинството… Дури и со, да речеме секојдневни ситуации, како губење паричник или мобилен телефон, домашните финансии ќе претрпат тежок удар. Ова се итни случаи кога е добро да имаме пари на страна. Дали некогаш сте се запрашале кои се вистинските придобивки од штедењето пари во банка?

Зборот штедење е можеби најпопуларниот збор денес, земајќи ја предвид актуелната светска економска криза и несигурноста во речиси сите сфери од животот. Во ваквите несигурни ситуации, заштедата може да биде клучна, овозможувајќи финансиска потпора во период кога речиси сé е неизвесно.

Штедењето во банка со депозити, пред сé ви гарантира сигурна заработка, а потоа и безбедно чување на парите со многу придобивки и лесен пристап до нив. Пред да препуштите дел од контролата врз своите средства на одредена банка, треба да сте сигурни дека таа е одговорен и сигурен партнер, докажана институција што се грижи за клиентите и нуди модели на штедење прилагодени на специфичните потреби и ритамот на животот. Во ова време токму таков идеален производ со кој вреди да се започне со штедење е ПРОМО депозитот на Халкбанк.

Атрактивниот ПРОМО депозит на Халкбанк има минимален износ на вложување од 30.000 денари или 500 евра и нуди фиксна каматна стапка од 2,60%, 3,10%  и 3,50% за 13, 25 и 36 месеци соодветно за штедење во денари, односно 1,60%, 2,10% и 2,60% за штедење во евра.

Рокот за штедење со овој производ е до 36 месеци и како промо производ, не постои можност за  дополнителни уплати и повлекувања на средства, додека пак каматата може да се исплаќа месечно или на крајот на периодот на орочување. Оваа понуда за ПРОМО депозитот важи до крајот на мај оваа година.

Носете мудри одлуки и изберете сигурен финансиски партнер.