Бројот на пензионери се зголемува, нивните пензии растат, а дупката во Фондот за пензиско осигурување се поголема. Државата во 2021-ра инкасирала допленителни 500.000 евра за да можат сите корисници на социјални бенефиции да ги добијат месечните примања. Според последниот извештај на Државниот завод за ревизија, овој финансиски јаз во 2021- достигнал 3,8 проценти.

ПОРАДИ НЕДОСТАТОК (ДЕФИЦИТ) НА СРЕДСТВА НА ИСПЛАТА НА РАСХОДИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ БЕНИФИЦИИ ВО 2021 ГОДИНА ОД БУЏЕТОТ НА РСМ ТРАНСФЕРИРАНИ СЕ СРЕДСТВА ВО ВИСИНА ОД 30,580,301 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, А УЧЕСТВОТО НА ОВИЕ СРЕДСТВА ВО ВКУПНИТЕ ПРИХОДИ НА ФОНДОТ БЕЛЕЖИ НАМАЛУВАЊЕ ВО ОДНОС НА 2020 ГОДИНА И ИЗНЕСУВА 37,5 % ОД КОИ 29 % СЕ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ТЕКОВНИОТ ДЕФИЦИТ ЗА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ, СЕ НАВЕДУВА ВО РЕВИЗОРСКИОТ ИЗВЕШТАЈ

Законски гарантираниот раст на пензиите, инфалцијата, и најзагрижувачкиот фактор е неповолната демографска структура, констатираат ревизорите.

Се помал е бројот на новородени деца, а работни способните млади луѓе се иселуваат од земјата. Македонија станува земја на пензионери за кои сѐ потешко ќе биде да се обезбедат пари за пензии.

Но, она што ги загрижува ревизорите во наодите за фондот се дека овој тренд забрзано ќе се зголемува и во наредните години. Па, затоа равизорите препроачуваат фондот да почне да ги предвидува зголемените расходи, навреме да информира, а од друга страна да ангажира и стручен кадар кој ќе управува со електронскиот систем.  Во 2021 1,4 милјарди евра се исплатени од буџетот за пензии за вкупно 328,570 илајди пензионери или една третина од бруто домашниот производ.

Павле Беловски