(Време за читање – 6 минути)

Како што продолжува нашето ново и возбудливо патување во светот на Криптовалутите, каде што се надевам дека научивте нешто  повеќе за криптовалутите , блокчеј технологијата, денес ќе зборувам за паричниците за чување на криптовалути .

Паричникот за криптовалути е софтверска програма која ги чува приватните и јавните клучеви. Оваа програма може да комуницира со различни блокчејни за да му овозможи на корисникот да испраќа и прима дигитална валута и да го следи нејзиниот биланс.  Ако сакате да користите Биткоин или било која друга криптовалута мора да имате дигитален паричник.

  • Како функционира дгиталниот паричник?

Постојат многу недоразбирања за начинот на работа на крипто-паричниците, иако милиони луѓе ги користат секој ден. За разлика од нашите традиционални џебни паричници, дигиталните паричници не складираат никаква дигитална валута. Бидејќи валутите не се складираат на една локација и не постојат никаде во физичка форма. Она што постои во паричникот е евиденцијата за трансакциите зачувани на блокчејнот.

 

Што? Па, како можам да ги добијам своите пари?

Паричникот е софтверска програма која ги чува вашите приватни и јавни клучеви и интерфејси со разни блокчеини за да можете да го следите вашиот биланс, да праќате пари и други операции. Ајде да го видиме ова со едноставен пример :

 

Секој паричник има приватен клуч и јавна адреса. Приватниот клуч е нешто што не го кажувате и давате на никого. Приватниот клуч е строго за вас. Јавната адреса е онаа што ја давате на било кое друго лице кое сака да ви испрати средства. Значи, доколку некој сака да ви испрати да речиме 2 Биткоини или било која друга криптовалута, тоа лице ја отпишува сопственоста на тие 2 монети на вашата јавна адреса од паричникот.

 

За да може да ги потрошите тие монети и да ги отклучите средствата, приватниот клуч што е зачуван во вашиот дигитален паричник мора да се совпаѓа со јавната адреса. Ако тие се совпаѓаат, билансот во вашиот паричник ќе се зголеми а кај испраќачот ќе се намали.  Значи, не постои вистинска размена на вистински монети. Трансакцијата е во еден правец. Таа не може да се врати назад. Само доколку вие доброволно одлучите да ги вратите монетите на лицето кое ви ги испратило овие монети.

  • Дали постојат различни видови на паричници?

Да, постојат неколку различни видови на паричници кои обезбедуваат различни начини за чување и пристап до вашата дигитална валута. Паричникот може да се подели во три различни категории:

  • Софтверски
  • Хардверски
  • Хартиени

 

  • Софтверски

Софтверските паричници може да бидат: десктоп, мобилни и онлајн.

 

Десктоп паричниците се симнуваат и инсталираат на вашиот компјутер или лаптоп. Тие се достапни само од еден компјутер, од оној од каде што се симнати.  Десктоп паричниците нудат една од највисоките безбедносни мерки, но ако компјутерот биде хакиран, тогаш може да ги изгубите вашите средства.

 

Онлајн паричниците работат на облакот и се достапни од било кој компјутерски уред на која било локација. Овие паричници се по погодни за чување на вашите приватни клучеви на интернет и се контролирани од страна на трето лице, а тоа ги прави ранливи на хакерски напади и кражби.

 

Мобилните паричници работат на апликација инсталирана на вашиот телефон и може да се користат насекаде, освен во продавниците за малопродажба.  Мобилните паричници обично се помали од десктоп паричниците поради ограничениот простор достапен на мобилниот телефон.

 

  • Хардверски

 

Хардверските паричниците се различни од софтверските паричници, бидејќи приватните клучеви можат да се складираат на USB. Иако хардверските паричници својата трансакција ја прават преку  интернет, тие се чуваат надвор од мрежата (offline), што им дава поголема безбедност. Хардверските паричници се компатибилни со неколку веб интерфејси и можат да поддржуваат различни валути.  Вие едноставно го приклучувате вашиот уред  на било кој компјутер со интернет конекција, го внесувате вашиот пин,  ја испраќате валутата и потврдувате. Со хардверските паричници е многу лесно да се направи трансакција, додека тие вашите пари ги чуваат надвор од опасност.

 

  • Хартиени

 

Хартиените паричници се многу лесни за користење и обезбедуваат високо ниво на безбедност. Терминот хартиен паричник се однесува на физичка копија или отпечаток на вашите јавни и приватни клучеви.  Кога сакате да префрлите Биткоин или некоја друга валута во вашиот паричник, тоа можете да го направите со пренос на средства од вашиот софтверски паричник на јавната адреса прикажана на вашиот хартиен паричник.  Или ако сакате да повлечете или да потрошите некоја валута, се што треба да направите е да префрлите средства од вашиот хартиен паричник во вашиот софтверски паричник. Овој процес се нарекува (sweeping) и може да се направи рачно со внесување на вашиот приватен клуч или со скенирање на вашиот (QR) код на паричникот.

 

  • Колку се безбедни паричниците?

 

Паричници се безбедни во различен степен. Нивото на безбедност на крипто паричникот зависи од типот на паричникот кој го користите (десктоп, мобилен, интернет, хартиен или хардверски) и давателот на услугата. Чувањето на вашите пари на онлајн паричникот е најранливо и најризично. Офлајн паричниците, се најсигурни и едноставно не можат да бидат хакирани, бидејќи тие се офлајн. Независно од тоа кој паричник го користите,  најважно е да не го изгубите вашиот приватен клуч и да бидете многу внимателни кога испраќате пари,  да не ги испратите на измамник.  Бидејќи трансакцијата не може да се промени или измени.

Добро е да преземете одредени безбедносни мерки на претпазливост како:

 

Направете резерва на вашиот паричник. Чувајте ги повеќето пари на сигурно место, како на хардверски или хартиен паричник. Чувајте мали количини на валути за секој дневна употреба на интернет на вашиот компјутер или мобилен. Ако одберете да користите онлајн паричник, постојат ризици да бидете хакирани.

Ажурирајте го софтверот. Чувајте го софтверот ажуриран, така да на тој начин ја имате најновата безбедност на располагање.

 

Додајте дополнителни безбедносни слоеви.  Колку повеќе сигурносни слоеви толку подобро.

 

Користете долги и комплексни лозинки и осигурајте се дека секое повлекување на средства бара дополнителна  лозинка за повлекување.  Користете паричници, кои имаат добра репутација и за да обезбедите дополнителна безбедност уклучете како двоен фактор за проверка(2FA)  и дополнителен PIN код секој пат кога го отварате паричникот.

Инсталирајте антивируси антимелвер.  Кога пристапувате до интернет паричникот, осигурајте се дека вашата адреса е безбедна. Никогаш не пристапувајте од јавни (Wi-Fi) места.

 

 

  • Дали треба да користам еден паричник за секоја криптовалута?

 

Речиси секоја монета има сопствена инфраструктура, па ќе ви треба друг паричник за речиси секоја монета. Но, на наша среќа, се измислени паричници за повеќе типови на криптовалути, така да не треба да ги чувате сите ваши валути во одделни паричници. Особено ако сте личност која секој дневно тргува со повеќе монети.  Ако сте личност која купува монета и сака да (HODL) или да ги чува монетите на подолго време, тогаш можете да имате посебен паричник за секоја валута.  Хардверските паричници како (Ledger Nano S, Trezor,Keepkey) ви даваат можност да чувате повеќе криптовалути.

 

 

Се повеќе и повеќе луѓе се приклучуваат секојдневно во светот на Криптовалутите некои луѓе се среќни да ги чуваат своите монети во софтверски или онлајн паричници, некои луѓе сакаат да користат посигурни паричници.  Доколку имате намера да бидете долгорочен инвеститор, ова не е лоша идеја.  Доколку сакате долго време да ги чувате монетите, најдобриот начин е да ги чувате на хартиен или хардверски паричник.  Хардверските паричници се едни од најбезбедните за чување на вашите монети. Вашите монети ќе бидат безбедни, дури и ако вашиот компјутер биде хакиран или некој го украл вашиот хардверски паричник. Ако случајно го загубите вашиот хардверски паричник, секогаш можете да ги вратите сите ваши монети во нов паричник. Никој не може да ги земе вашите монети од паричникот доколку не го знае тајниот пин.  Исто така, ниту еден шпионски инструмент за снимање на податоци или тројанец не може да снима што се случува во вашиот хардверски паричник.

 

Без разлика кој паричник ќе го користите,  мора да бидете секогаш внимателни , да користите повеќе безбедносни мерки. Многу луѓе ова не го сфаќаат сериозно, а потоа кога нивните паричници ќе бидат  хакирани, почнуваат да плачат.  Како пример:  Дали сте виделе некој да оди по  улица и да носи во раката паричник полн со пари, за секој да може да го види? Одма некој ќе му го украде од раката.  Исто е и со дигиталните паричници. Чувајте ги вашите средства на сигурно, каде што никој освен вас не може да ги види.

 

Во следната статија ќе ви кажам за најбезбедните видови на паричници што можете да ги користите. До следната статија – ОСТАНЕТЕ БЕЗБЕДНИ

 

Ви благодарам што читавте

 

Следете ме на Фејсбук:            http://bit.ly/2zDUBpp

Регистрирајте се на мојот блог:   https://darkokipariz.blogspot.com/