Парите од домашните платежни картички кои ќе останат неопределени оти добитниците се иселени или починати, ќе се вратат во буџетот, велат од министерството за финансии за а1 он. 

Со вакви случаи се соочуваат повеќе банки во државата, поради што парите ќе бидат вратени во државниот буџет.

Денеска истекува рокот во кој банките треба да ги достават картичките на 324.479 корисиници. Односно вработени, лица со низок доход, млади лица на возраст од 16 до 29 и здравстевни работници кои учествуваат во тестирање и лекување за заболените од ковид-19.