„Со истекот на месец септември ќе се заокружи третото тримесечје од Мој ДДВ за 2021. Исплатата на граѓаните кои скенирале фискални сметки во ова тримесечје односно во месеците јули, август и септември ќе се врши во месец ноември“, соопштија од Управата ја јавни приходи.

Според информациите што ги објавија од УЈП од „МОЈДДВ“ за првото тромосечје од годинава, на граѓаните им биле вратени 399.611.015 денари. Во ова тромесечје сметки скенирале 319.729 граѓани. Во второто тромесечје од годинава на сметките на 330.465 граѓани пристигнале вкупно 455.114.857 денари.