Конзервативниот политичар од моменталното водство, Борис Џонсон, вети дека ќе ја спречи британскота исплата за развод од ЕУ од 39 милијарди евра, додека ЕУ не се согласи за подобри услови за излез. Тој во изјава за Сандеј тајмс кажа дека парите биле “одличен растворувач и одличен лубрикант” за да се добие добар договор. Франција реагираше веднаш, извор близок до францускиот претседател Емануел Макрон, рече дека неуспехот да се плати ќе биде еквивалентен на неисполнување на обврските по државниот долг. Џонсон е фаворит кој ќе ја замени Тереза Мај како премиер, и, откако, се повлече главниот ривал Мајкл Гоу кој призна дека користел кокаин. Се очекува сите кандидати да ги започнат своите кампањи денес.