Владата потврди фирмите кои ќе користат владина поддршка за исплата на плати, а на крајот прикажат загуби, ќе мора да ги вратат парите. За разлика од претходните пакети каде овие компании немаа таква обврска сега државата одлучи да направи измени во мерката за да ги натера фирмите да генерираат добри резултати. На оние кои ќе работат успешно ќе им се прости дел од помошта.

„Сите очекуваме да има развивање ако ги стимулираме компаниите да работат добро да покажат резулати да вработуваат само така нема да ја вратат помошта и само така ќе им се одолжат на граѓаните тоа е правилниот пристап на кој треба да ги трошиме парите на граѓаните, ако прикажат загуба да ги вратат парите“, рече Фатмир Битиќи.

На ваквите најави веќе реагираа и синдикатите и работодавачите. Велат дека со тоа дополнително ќе се оптоварат фирмите во време кога се борат да опстанат и да ги задржат работниците.

Посочија дека ја разбираат идејата да се мотивираат фирмите да работат но дека сега не е време за тоа, затоа што во време на пандемија менаџирањето на фирмите не зависи од работодавачите.

Мерките од новиот пакет наскоро ќе им бидат достапни на компаниите, Битиќи уверува дека не се доцни и помошта доаѓа во вистинско време.