Платежниот оператор PayPal Holdings постигна договор за купување на iZettle – популарна трговска платформа за малите бизниси во Европа и Латинска Америка – за сума од 2,2 милијарди долари.

PayPal го презема iZettle за 2,2 милијарди долари

Се очекува стекнувањето да го прошири значително присуството на PayPal во трговијата на мало, поконкретно во продавниците на Бразил, Данска, Финска, Франција, Германија, Италија, Мексико, Холандија, Норвешка, Шпанија и Шведска, а исто така во Австралија, Велика Британија и САД.

Во оваа година, iZettle очекува приходи во износ од 165 милиони долари, извршувајќи плаќања во вредност од околу 6 милијарди долари. Помеѓу 2015 и 2017 година, приходите на компанијата пораснаа за 60% годишно.

Според договорот за стекнување, тој мора да се финализира во третиот квартал од годината. Џејкоб де Гиер, основач на iZettle, ќе остане на чело на компанијата.

 

 

Извор : https://standard.mk/paypal-go-prezema-izettle-za-22-milijardi-dolari/