Колку е важно ангажирањето на локалните власти и на локалната администрација покажува примерот со општина Кавадарци, наплатата на данок на имот ја има зголемено за 100%. 

Општините Велес, Врапчиште, Гостивар, Гевгелија, Дебар, Илинден, Кавадарци, Кратово, Македонска Каменица, Могила, Свети Николе, Старо Нагоричане, Студеничани, Центар Жупа и Штип, исто така имаат добри резултати во однос на ажурирањето на податоците, што резултира и со зголемена ефикасност на наплата на даноците, а во општина Арачиново се зајакнуваат капацитетите на организационата единица за администрирање со даноци, со што се исполнети условите за извршување на надлежноста, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на чинот на презентирање на резултатите од проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите „Партнерство за поефикасни општини“.

Тој потенцираше дека сите општини вклучени во првата фаза на проектот ја имаат зголемено стапката на наплата на данокот на имот во просек за 34.5%, што придонесува за зголемување на стапката на наплата на сопствените приходи за околу 25%.