Пензиите во иднина да растат согласно стапката на инфлацијата, порача Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) по неколудневната мисија во земјава. Од ММФ се скептични за нивото на буџетскиот дефицит. Се сомневаат дека приходите ќе се зголемат според предвиденото.
Според мисијата на ММФ, потребна е веродостојна фискална стратегија, за да се доведе долгот на надолна патека. Буџетскиот дефицит го надмина плафонот од 3 проценти од БДП во фискалните правила, додека јавниот долг расте и надмина 60 проценти од БДП во 2024-тата.
ММФ ѝ препорачува на Народната банка да остане внимателна кон инфлаторните ризици од домашни фактори, како и кон зголемените надворешни ризици.