Од денеска започнува исплатата на декемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Владата им препорача на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 28.12.2020 година (понеделник);

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплата да се изврши на 29.12.2020 година (вторник);

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплата да се изврши на 30.12.2020 година (среда), и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.12.2020 година (четврток).