nov_anik_prazan_ne_366331S1Финансиската ситуација не зависи секогаш од платата, пред се зависи од начинот на кој ги менаџирате парите. Многумина заработуваат повеќе од другите, но нивната сметка секогаш е во минус, додека поединци кои имаат пониски приходи умеат плански да ги распоредат, така што никогаш не позајмуваат и нивната сметка секогаш е во плус и покрај трошоците.

Шведските стручнаци за финансии тврдат дека лошите одлуки се најчеста причина за празен новчаник, па со тоа таквите одлуки треба да ги избегнувате без разлика колку изнесуваат вашите примања.

Затоа треба да внимавате на следниве одлуки:

  • Избрзани купопродажби – На пазарот на недвижности, автомобили и бизнис има многу подеми и падови, ситуацијата се менува и вие треба да бидете добро информирани пред да донесете одлука да продадете или купите имот или да инвестирате во акции на некоја компанијата. Истражувањата покажуваат дека луѓето на ова прашање обично реагираат избрзано или под влијание на луѓе блиски до нив, кои исто така не се добро информирани, но сугестивно делуваат на нив.
  • Предолго калкулирање – Како и со избрзаните одлуки, премногу долгото чекање е исто толку штетно за финансиската состојба. Ова особено се однесува на кариерата, бидејќи многу луѓе во еден момент ги отвораат вратите за подобра работа или повисока плата, но од страв од ризиците не ја прифаќат понудата, или премногу долго размислуваат што да направат и за тоа време често се менува ситуацијата во нивна штета.
  • Избегнувајте ги кредитните картички – Купувањето со кредитна картичка само на прв поглед се чини привлечна затоа што има одредени бенефиции, како што е плаќањето на рати. Сепак луѓето со едно парче од пластика во рацете немаат реална смисла за тоа колку пари ќе потрошат, а не се ни свесни, всушност купуваат со пари за кои во моментот немаат покритие на сметка, па се премногу изненадени кога ќе им пристигнат сметките за наплата. Особено неповолни финансиски одлуки се кога се задолжувате со нови картички кои имаат за цел да ги отплатат старите. Најдобро е засекогаш да се ослободите од сите кредитни картички освен дебитните картички, бидејќи со нив секогаш може да подигнете готовина од банкомат или да плаќате само до износот што го имате на вашата сметка.
  • Задолжувања за одмори и луксузни работи – Летовање на кредит е чест избор на жителите на модерниот свет, без разлика на нивните приходи. И покрај тоа што реално може да си дозволат скромен хотел или дестинација, многумина одлучуваат да се почастат со патување на егзотични дестинации и да престојуваат во луксузни хотели. Поради тоа што немаат доволно средства пристапуваат кон задолжување. Исто така многу чесо се купуваат поскапи автомобили или поголеми станови отколку што реално може да си дозволат, како и луксузен мебел и технички апарати.
  • Не наседнувајте на попустите – Зад големите попусти обично се крие измама.